Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан и халфот на Манчестер Јунајтед Пол Погба се сретнале во Дубаи за време на паузата за националните тимови.
Играчот од средниот ред замина за Блискиот исток за да го продолжи закрепнувањето од повредата на глуждот што го мачи веќе некое време и ќе го пропушти неделното дерби со Ливерпул.
Зидан пак се најде на истото место во истото време поради учество во конференција поврзана со интеграцијата на вештачка интелигенција во спортската индустрија.
Уште во текот на летото, Зидан сакаше да го привлече Погба во Реал Мадрид, а самиот фудбалер исто така, даде до знаење дека неговата желба е да го напушти Јунајтед.
Сепак, од „Олд Трафорд“ останаа непопустливи и изјавија дека Погба не е на продажба. Тоа сепак не ги сопре шпекулациите и медиумите продолжуваат да тврдат дека Зидан ќе направи нов обид да го земе својот сонародник во зима.
Најверојатно двајцата не ја пропуштиле можноста да разговараат за стратегијата за зимската офанзива за време на состанокот во Дубаи.
Paul Pogba meets Zinedine Zidane in Dubai to add fresh fuel to Man Utd transfer talk https://t.co/SBKaoN3V1g pic.twitter.com/rDJQb9m3QS
— Mirror Football (@MirrorFootball) October 18, 2019
ФОТО: ЕПА