Мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајка во Прилеп, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 16 часот на крстосница од улицата Кеј 19-ти Септември со улицата Борка Спиркоски во Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“, со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.К.(52) од Прилеп, и патничко возило „рено меган“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(32) од Прилеп. Во незгодата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница Прилеп за укажување на лекарска помош – велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.