Тешко повреден 43-годишник кој работел на куќа во Гостивар

76

Со тешки телесни повреди во Медицински центар Гостивар бил донесен Ф.И.(43) од село Градец. Како што информира Министерството за внатрешни работи, според пријавеното, тој се повредил додека извршувал градежни работи на куќа на улицата ЈНА во Гостивар. Настанот бил пријавен вчера во 12.16 часот во Полициската станица Гостивар.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар и инспектор за труд и заштита при работа. Се работи на расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...