Бугарскиот премиер Бојко Борисов во изјава за медиуми во пресрет на денешното продолжување на состанокот на лидерите од ЕУ вели дека го советувал македонскиот колега, Зоран Заев да не си поднесува оставка.
– Го советував Заев да не си дава оставка, има уште многу да се работи – вели Борисов, а пренесува бугарскиот медиум 24 часа.
Борисов изјавил дека ако во С.Македонија има партии и сили кои сакаат да ја вратат државата назад тоа е голем проблем.
Тој вели дека не сака да зборува во името на Франција зошто го блокира С.Македонија и Албанија, но посочува оти никој не рекол „НЕ“ туку едноставно сите сакаат сѐ да биде усогласено.