Двајца жители на истарскиот град Пула, на хрватското крајбрежје, пронашле мртов делфин исфрлен на брегот.
Младата двојка од Пула се возеле со чамец кога во еден момент на брегот го здогледале унакажениот, вандалски избоден делфин.
Момчето, кое сакало да остане анонимно, веднаш се обидело да му помогне на делфинот.
– Прво помисливме дека е жив. Но, беше премногу доцна. Долг околу два и пол метри и беше избоден на повеќе места. Лежеше во локва крв. Глетката беша ужасна – раскажало момчето од Пула.
– Тоа би можело да биде дело на рибарите на кои најверојатно им се заплеткал во мрежата – заклучило момчето.
FOTO: www.glasistre.hr