Рајан Рејнолдс на Твитер ја објави првата фотографија со новороденчето.
Актертот така го прекина медиумскиот молк, откако и тој и неговата сопруга, актерката Блејк Лајвли не споделија ниту информација за полот на бебето.
Тие позираат со бебето во шума во Британска Колумбија, а неговата објава е посветена на климатските промени.
„Ја сакам Британска Колумбија. Би сакал моите ќерки да растат на исто игралиште во природата како и јас. Кандидатот што ќе го одберете сега ќе води политика за климатските промени следните четири години. Горд сум на изминатите четири“, напиша актерот, откривајќи дека Блејк родила ќерка пред два месеци.
FOTO: Instagram/Printskrin