Фолксваген ќе го продава Ламборџини?

618

Управата на германската компанија Фолксваген размислува да ја продаде марката  Ламборџини – италијанска компанија што сега е дел од нивниот конгломерат.

Според неофицијални извори, се подготвува голема реконструкција на компанијата. Една од опциите е Шкода, што, исто така, е во сопственост на Фолксваген, да почне производство на поевтини автомобили, бидејќи тие во мигов се многу блиску до моделите на германскиот бренд.

Гласините говорат и за поголемо внимание кон шпански Сеат и негова експанзија наредниве неколку години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...