Полицајците го уапсиле синот на „Ел Чапо“, па го ослободиле исплашени за своите животи

500

Во северниот дел на Мексико дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел „Синалоа“, откако бил уапсен еден од лидерите на овој нарко картел Овидио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гузман.

Тешко вооружените членови на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги присилиле да го ослободат Гузман Лопез, кој во САД е обвинет за трговија со наркотици, пренесоа британските медиуми.

Гузман Лопез е пронајден во текот на рутинска контрола во Кулијакан, додава Би-Би-Си.

Министерот за внатрешни работи Алфонсо Дурази објасни дека патролата набрзо ја опколиле бројно поголема група вооружени лица од картелот и дека била донесена одлука силите за безбедност да се повлечат за да се заштитат нивните животи и да се избегне дополнително насилство.

Гузман Лопез е син на славниот Ел Чапо, кој е осуден на доживотна затворска казна и во САД на дополнителни 30 години затвор заради трговија со дрога и перење пари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...