Министерот за енергетика го напушта Трамп, одлуката му ја соопштил во авион

Неименуван претставник на Белата куќа, на кого се повикуваат американските медиуми, изјави дека Пери  одлуката за заминување од функцијата на Трамп му ја соопштил во претседателовиот авион, додека патувале за Тексас.

134
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека наскоро ќе го именува новиот министер за енергетика  и дека веќе одлучил кој ќе седне на таа фотелја, откако сегашниот министер Рик Пери го информирал дека има намера да ја напушти позицијата, пренесуваат британските медиуми.

Пери се најде во центарот на вниманието на јавноста заради улогата во скандалот околу Украина, заради што е покрената истрага за отповикување на претседателот.

Неименуван претставник на Белата куќа, на кого се повикуваат американските медиуми, изјави дека Пери  одлуката за заминување од функцијата на Трамп му ја соопштил во претседателовиот авион, додека патувале за Тексас.

Во интервју за „Вол стрит џорнал“ Пери пред два дена негираше дека има намера да ја напушти администрацијата, но дека е отворена вратата за таква можност кога кажа дека очекува да биде на чело на министерството за Денот на благодарноста, но даде малку понеодреден одговор на прашањето дали ќе биде на неа и до крајот на годината.

ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...