Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, за телевизија Телма изјави дека сè уште има земји членки кои се скептични за прашањето за отворање на пристапни преговори со Македонија и Албанија.
– Многу е тешко да се најде прифатливо решение за сите членки на ЕУ, изјавил Туск.
Официјално, одлуката на европските лидери на Самитот во Брисел во врска со прашањето за определувањето датум за почеток на преговори за Македонија и Албанија, треба да биде соопштена утре напладне.