Авионот на британските Кралски воздухопловни сили, во кој биле принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт, морал двапати денеска да го одложи слетувањето во Исламабад и се вратил во Лахоре, откако влетал во бурата.
Принцот Вилијам, кој порано бил пилот на хеликоптер за спасување, на новинарите им рекол дека и тој и Кејт се добро и дека тие проблеми настанале бидејќи тој управувал со авионот, пренесува Ројтерс.
Вилијам и Кејт, кои се на 4-дневна турнеја низ Пакистан, се обиделе прво да слетаат во Равалпинди, па на аеродромот во Истанбул, но потоа решиле да се вратат во Лахоре.
ФОТО Принтскрин