Николовски: Уште в понеделник Заев да поднесе оставка и за 100 дена на предвремени избори

1083

Во емисијата 10 минути на ТВ21, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски, вечерва изјави дека премиерот Заев треба да поднесе оставка, потоа да се формира техничка влада и според уставот и законите, за 100 дена да се оди на предвремени парламентарни избори.

Како што изјави тој, причината не е само ситуацијата со датумот за старт на преговорите со ЕУ, туку и поради неможноста да се спроведат реформите и, како што нагласи, лошата економска состојба на граѓаните. Николовски вели дека очекуваат уште в понеделник Заев да поднесе оставка и да се формира техничка влада, по што би се одржале избори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...