Претседателот на Европската комисја, Жан-Клод Јункер и британскиот премиер Борис Џонсон на заедничка прес-конференција во Брисел порачаа дека дошол моментот за излез на Велика Британија од ЕУ, но и за изградба на нови односи меѓу Лондон и Брисел.
– Сега е момент да се оствари Брегзит и заедно да работиме на изградба на нашето идно партнерство кое може да биде многу позитивно и за Обединетото Кралство и за ЕУ, истакна Џонсон.
Тој го поздрави договорот, кој, според него, овозможува да се исполнат целите предвидени со Брегзит.
– Тоа значи дека Велика Британија на 31 октомври излегува од ЕУ цела и единствена и оти Северна Ирска и секој друг дел на Обединетото Кралство ќе учествуваат во слободната трговија и заедно ќе одлучуваат за нашата иднина, нагласи Џонсон.
Британскиот премиер ги повика членовите на британскиот Параламент без одложување да го прифатат ревидираниот договор за Брегзит, за да се фокусираат на потребите на британскиот народ.
Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер истакна дека постигнатиот договор покрај британскиот Парламент, сега мора да го одобри и Европскиот парламент.
– Договорот е постигнат поради народот и мирот, а не поради политичарите. Ќе почнеме разговори за нашите идни односи веднаш откако ќе се одобри договорот, најави Јункер.