Симпозиум насловен „Денови на превентивната медицина 2019“ почнува денеска во Струга, во организација на здруженијата на доктори специјалисти по хигиена и здравствена екологија, на микробиолози, на епидемиолози, на лекари по медицина на труд и Специјалистичкото здружение на лекарите по социјална медицина со организација на здравствена дејност.
На симпозиумот, што ќе трае до 19 октомври, со свои теми и научни трудови ќе учествуваат 120 лекари од државава и од регионот.
Тие преку сесиите и постер презентациите ќе разменат искуства и ќе информираат за новините од јавно-здравствените аспекти на хроничните незаразни болести, повреди и насилство, превенција и контрола на заразни болести и имунизација, здравјето на населението и животна средина, актуелности во микробиологијата, превенција на здравјето на работниците.
Целта на учесниците на симпозиумот, како што се наведува, е да ги пратат пораките и препораките до општата популација за подигање на колективната свест за здравјето и превенирање на болестите, но и до креаторите на политики за унапредување на јавното здравје.