На пазарот за продажба на пици во САД, компанијата „Слајс“ управува со веб-страница и апликација и им овозможува на корисниците да пронајдат пицерија во нивна близина (од 10.000 регистрирани пицерии) и да порачаат онлајн.
Компанијата чие седиште се наоѓа во Њујорк е основана од Илир Села, родум од Дебар, а пораснат во Њујорк, кој пред 8 години ја отворил и првата канцеларија во родниот град-Дебар, а подоцна и во Охрид.
Двете канцеларии во Македонија денеска имаат вкупно 305 вработени, а во интервју за „Арт кујна“, генералните менаџери на „Слајс“ во Македонија Албан Османи и Бутринт Села, најавуваат отворање на канцеларија и во Скопје.
Интервјуто можете да го прочитате ТУКА.