Децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во нови домови

142

Нов дом каде ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација беше отворен денеска во Скопје.

– Денеска како држава може да бидеме горди затоа што конечно сивиот дом во нашата држава и во социјалниот систем заминува во историјата. Поранешната институција „Ранка Милановиќ“, за грижа за деца потреба од интензивна поддршка или деца кои биле во контакт со законот е трансформирана во два мали групни домови, кои имаат услови и за работна терапија и за одредени третмани потребни за овие деца иако тие во рана возраст дошле во контакт со законот да имаат соодветна социјална заштита, интензивен третман и да може од нив да очекуваме да бидат продуктивни граѓани во нашата држава во иднина – рече министерката Мила Царовска на отворањето на малиот групен дом.

Виолета Масевска Палиќ, директотка на јавната устанбова за згрижување деца со воспитни проблеми и нарушено поведение, истакна дека со деинституционализацијата службата за заедничко живеење на деца со нарушено поведение се заокружува процесот на деинституционализација, односно на преселување на децата од големите објекти во мали групни домови.

– Тоа бече наша примарна цел која со успех ја завршивме. Она што им го нудиме на децата во овие групни домови е домашна атмосфера и нешто најблиско што може да се спореди со семејна средина, рече таа.

Додаде и дека во овие групни домови ќе има можност да се имплемнтираат нови методи и нова техника на работа со овие деца, кои ќе дадат повеќе можности за нивна ресоцијализација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...