Лиле Стефанова го одложи судењето за „Титаник“

248

Поради барање на обвинителката Лиле Стефанова за одлагање на судењето за предметот „Титаник“ на ЈО денешното рочиште е одложено за 22 октомври.

Судијата Осман Шабани информираше дека обвинителката е отсутна поради службени оврски за закажан состанок со оценска мисија на ЕУ. Врз основа на известувањето службено отсутен е и судијата Огнен Ставрев.

Случајот „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и се изведуваат материјални докази предложени од обвинителството. Досега се изведени околу 5.400 од над 5.900 докази.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...