Скопје се најде на 201 место во светот на листата на „Мерсер“ за 2019 година направаена според трошоците на живот. Главниот град на земјава падна од 197 позиција на која беше лани и е во десетте најевтини градови во светот.
Македонскиот главен град има најниски трошоци на живот и во регионот. Поскапи градови за живеење од него се: Сараево (194), Белград (181),Софија (177),Тирана (166),Загреб (143), Љубљана (142), Атина (128),
Осум од првите десет од најскапите градови во светот се азиски градови. Прв на листата втора година по ред е Хонг Конг, зад кој се најдоа и Токио (2), Сингапур (3) и Сеул (4).
Во првите десет се најде и најскапиот град во Европа Цирих (5), како и Шангај (6), Ашгабат (7), Пекинг (8), Њујорк (9) и Шенџен (10).
Најевтини градови во светот се: Тунис (209), Ташкент (208) и Карачи (207).
Анкета на консултантската фирма за чивекови ресурси „Мерсер“ е една од најсеопфатните во светот и е дизајнирана да им помогне на мултинационалните компании и владите да го утврдат надоместок за нивните вработени во странство.
Њујорк се користи како основен град за сите споредби, а валутните движења се мерат во однос на американскиот долар.
Истражувањето опфаќа над 500 градови низ целиот свет. Оваа година рангирањето вклучува 209 градови на пет континенти и ги мери споредбените трошоци на повеќе од 200 артикли на секоја локација, вклучително и домување, транспорт, храна, облека, предмети за домаќинството и забава.