Нов граничен премин со Бугарија со пари од ЕУ

312

Изградба на нов граничен премин и стимулирање на малите и средни претпријатија во пограничните општини ќе биде главниот приоритет на идната прекугранична програма што ќе ја спроведат Македонија и Бугарија со финансии од Европската Унија.

Тоа се главните приоритети и цели кои беа поставени на првиот состанок на Заедничката работна група за развој на програмата за прекугранична соработка INTERREG меѓу двете земји за периодот 2021 – 2027 година, што се одржа во бугарското Министерството за регионален развој и јавни работи, каде претседател беше бугарската заменик министерка Деница Николова, како и Димитар Ванчов од нашето Министерство за локална самоуправа.

– Изградбата и развојот на транспортната поврзаност меѓу двете земји е главен приоритет, што ќе ги подобри социоекономските карактеристики на пограничните области во најголем степен, а со тоа ќе придонесеме и за развој на приоритетите на ЕК во развојот на регионите – рекла Николова, соопшти Министерството за локална самоуправа.

Финансирањето во рамки на програмата предвидува или изградба на граничен премин Клепало кај Струмјани или продолжување на граничниот премин Логодаж меѓу Станке Лисичково и Делчево. Која мерка ќе биде поддржана ќе се знае од социоекономската анализа која е во тек, а треба да биде готова до крајот на годината, додека пак следната година финансиската рамка за проектот треба да ја изгласа Европскиот парламент.

Работната група, воведува некои иновации во рамките на програмата, пред се да се намалат административните формалности, како што се намалување на контролните нивоа, роковите за одобрување на проектот, контролите за спроведување на проектот и др. Исто така, се формира посебен мал проект за поддршка на претприемачите за обука, подобрување на производствениот капацитет и друго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...