Запрашан за функционерите на ДУИ кои се споменуваат за злоупотреби на средства од буџетот, претседателот на партијата Али Ахмети побара од медиумите да ги демаскираат со име и презиме пред обвинителството.
– Ако има во рамките на ДУИ функционери кои ја злоупотребуваат довербата и ги злоупотребуваат средствата на граѓаните ве молам да ги демаскирате со име и презиме и со факти пред органите на правдата, во обвинителството. Јас не не сум обвинител, јас сум политичка партија која е заинтересирана работите да одат во правилен тек. Прашања кои се против интересите на граѓаните и на Република Македонија треба да добијат заслужена казна, не само тие што се на јавни функции туку кој било, рече Ахмети по средбата со еврокомесарот Јоханес Хан.