Мицкоски: Сѐ што е надвор од чистиот датум, е целосно делeгитимирање на овие камиказа арамиски политики на Заев (ВИДЕО)

Секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ, најави Мицкоски.

657

Почнувајќи од следниот викенд, секој ден штабовите на ВМРО-ДПМНЕ ширум нашата татковина ќе бидат отворени за граѓаните да можат да дојдат, да бидат сослушан, пречекани од страна на активистите на ВМРО-ДПМНЕ во тие општини каде што ќе дојдат, да можат да ги запишат односно да ги сослушаат граѓаните кои  се нивните проблеми кои што се дел од нивниот секојдневен реален живот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при средба со граѓани во Општина Кисела Вода. 

Досега, повеќе од 15.000 наши сограѓани ги артикулираа своите проблеми до ВМРО-ДПМНЕ директно или индиректно се разбира во периодот кој што следи очекуваме уште поголема бројка и како што кажавме нашите решенија ќе бидат групирани за различни групи на проблеми кои што нашите сограѓани ги доставуваат до ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат содржани и во нашата  предизборна програма која што ќе биде дел од нашата предизборна кампања.

Се надевам дека ќе се охрабрат од Владата која што „блеска“ предводена од Зоран Заев и СДСМ и ќе има наскоро предвремени парламентарни избори, порача Мицкоски од Кисела Вода.

По обраќањето, Мицкоски одговори на неколку новинарски прашања.

Во врска со изјавата на Зоран Заев, кој кажа дека имате проблем со срцето, со душата и со петите, што очекувате Европа да одлучи во однос на датумот, Мицкоски рече:

– Претпоставувам дека таков тип на хумор и филозофско изразување на господинот Заев го разбира само он и малкумина околу него. Јас навистина не разбирам што сака да каже, но очекувам човек кој што е премиер на владата да биде малку повеќе сериозен и наместо несфатен хумор да се занимава со реал политика и да ги решава реалните проблеми на нашите сограѓани и толку поврзано со тој тип на хумор кој што претпоставувам само тој го разбира и никој околу него.

Вториот дел од вашето прашање беше што очекуваме. Очекуваме се разбира тоа што цело време го зборуваме да добиеме чиста дата за отпочнување на преговори со ЕУ. Иако ќе кажам оваа влада најмалку го заслужува, сепак граѓаните на Македонија тоа го заслужуваат и нашата држава тоа го заслужува. Сѐ што е надвор од тоа да биде чист датум за отпочнување на преговори ќе биде неуспех за оваа влада и голем неуспех и делегитимирање за политиките на Зоран Заев и коалицијата која што ја предводи Зоран Заев. 

Ние гледате внимаваме како се однесуваме целиот овој период, не само сега овие неколку дена, туку започнувајќи можеби од претседателските избори па наваму бидејќи свесни бевме дека некои политики нема да наидат на одобрување на јавноста имајќи ги во предвид на погрешните политики кои ги води Зоран Заев и оваа влада. Голем дел од јавноста очекуваше можеби и поагресивно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ, јас сум свесен за сето тоа. Но, во тој момент државниот интерес и она кое што се вели европреспектива за сите граѓани во Република Македонија за нас беше врвен приоритет и еве како што гледате денеска ден спроти последниот ден кога ќе се одлучува за тоа дали Македонија ќе добие чиста препорака, нема да добие воопшто препорака или некое меѓу решение ВМРО-ДПМНЕ е резервирано и апелира да се добие чист датум за отпочнување на преговори со Европската унија и сѐ што е, ќе повторам, надвор од чистиот датум ќе претставува целосно делигитимирање на овие камиказа арамиски политики на Зоран Заев и очекуваме во најскоро време формирање на техничка влада и одржување на предвремени парламентарни избори.

Во врска со тоа дека Премиерот од Куманово го нарекол „бандит кој само формално се откажал од хидроцентралите“, Мицкоски вели:

– Тоа е под ниво да се коментира, но во интерес на јавноста ќе дадам еден краток коментар. Човек кој што губи, човек којшто е уплашен бидејќи месеци не делат од денот кога ќе понесе одговорност тој за неговите политики, навредува. Не е само тоа навреда, тој добро знае какви се навреди тој и неговите блиски имаат упатено кон мене и кон моето семејство. Јас не би сакал да ја оптеретувам јавноста со таквиот тип на ниски и приземни коментари, јас му простив но законите и Уставот и граѓаните нема да му простат, а одговорноста доаѓа веднаш после катастрофалниот пораз на следните предвремени парламентарни избори. Одговорноста доаѓа и од одговорноста нема бегање. Тоа ќе му го препорачам на господинот  Заев. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...