Семејството Клуни минува низ вистинска драма. Поточно, постарата сестра на Амал Клуни, Тала Аламудин Ле Талек, е осудена на три недели затвор и казна од 6.400 американски долари за разни сообраќајни престапи – дури и возење во пијана состојба.
Во мај годинава, Тала била запрена од сообраќаен полицаец поради рутинска контрола, по што било утврдено дека Тала е под дејство на алкохол. Три пати поголема количина алкохол од дозволената била пронајдена во нејзиното тело, а на вчерашното рочиште рекла дека длабоко жали и дека е свесна за последиците од несовесното однесување.
Таа вечер во мај, испила две чаши вино и една чаша шампањско, а потоа го возела џипот на нејзиниот сопруг, БМВ X5, пренесува „Стрејтс тајмс“. Додека се враќала дома, таа била запрена од полицаец, а по неколку прашања, тој сфатил дека таа не е во можност да одговори заради својата состојба. Покрај тоа, додал тој, таа силно мирисала на алкохол.
По излегувањето од затвор, 47-годишната ќе биде лишена од возачката дозвола следните четири години. Првиот прекршок поради кој ѝ ја одземале возачката дозвола отповикана го сторила во 2013 година. На судењето, нејзиниот адвокат изјавил дека „Тала, мајка на четири деца, ја разбира грозната грешка што ја направила и дека страда од последиците од несаканиот публицитет поради причини што не се под нејзина контрола.