Франција ќе се премисли во однос на датумот за преговори само кога ќе стане јасно што ќе добие за возват, пишува денеска угледниот весник „Политико“ повикувајќи се на брифинзи од двајца дипломати по вчерашниот министерски состанок во Луксебмруг.
Весникот пишува и оти Франиција била единствената земја која била против Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со ЕУ, што предизвикало револт кај сите останати земји членки.
„Еден дипломат го обвини Париз дека се однесува како да сме во пост-брегзит период и како да треба сама да ги носи сите одлуки“, пишува весникот.
ФОТО: EPA / YOAN VALAT / POOL