АВМУ побарала помош од полицијата за обезбедување документи од 1 ТВ затоа што размислува да ја одземе дозволата на телевизијата поради пропусти во емитувањето на програма, вели директорот на АВМУ Зоран Трајчевски за Радио Слободна Европа (РСЕ).
– Од Агенцијата сѐ уште никој не побарал одобрение за промена на сопственичката структура на телевизијата што значи дека како сопственици во Централниот регистар се Јасна Мандиќ и Миле Јовановски – вели Трајчевски.
За да ја одземе дозволата за работа на Агенцијата ѝ се потребни конкретни материјални докази, кои треба да ги озбебеди преку МВР.
– Откако ќе ни ја обезбеди документацијата МВР, би можеле да постапуваме по прашањето за тоа дали да ѝ се одземе дозволата – вели Трајчевски за РСЕ.