Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери од утре ќе престојува во официјална посета на Република Турција.
Во рамки на посетата предвидено е да има средби со неговиот турскиот колега, спикерот на Големото национално Собрание на Турција Исмаил Кахраман, со потпретседателот на Владата на Турција Хакан Чавушоглу, и со претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган.
Џафери ќе го посети Мевзолејот на Ататурк како и делот кој што беше бомбардиран во текот на обидот за државен удар на 15 јули 2016 година.
Турција е парламентарна демократија. Откако се формирала како република во 1923 година, Турција развила долга традиција на секуларност. Уставот е највисок правен акт во државата и тој ги наведува основните правила на владеење на државата и нејзините органи.
Дипломатските односи меѓу Македонија и Турција се воспоставени во 1992 година кога Турција ја призна нашата земја под уставно име.