Миранда Кер и милијардерот го добија вториот син

36-годишната манекенка и основачот на Снепчет претходно се заветија дека нема да имаат сексуални односи пред бракот во кој стапија во 2017 година.

332

Поранешниот ангел на „Викторија Сикрет“, Миранда Кер и милијардерот Иван Спигел го добија вториот син. Кер родила момче минатата недела, пишуваат странските медиуми.

Иако најави дека деталите за бременоста ќе ги чува во тајност, манекенката често објавуваше фотографии од трудничкиот стомак на Инстаграм.

Да потсетиме, 36-годишната манекенка и 29-годишниот основач на Снепчет претходно се заветија дека нема да имаат сексуални односи пред бракот во кој стапија во 2017 година.

– Сè уште не. Дури откако ќе се венчаме. Иван е многу традиционален – изјавила Кер за магазинот „Тајм“ во тоа време.

Миранда има и осумгодишен син Флин од првиот брак со актерот Орландо Блум, кој заврши во 2013 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...