Едно лице загина во несреќата, жена пилот безбедно го спуштила запалениот авион (ВИДЕО)

672

Авионот на американската компанија „Саутвест ерлајнс“ на летот од Њујорк до Далас вчера принудно слета на аеродромот во Филаделфија кога му експлодирал левиот мотор, а деловите оштетиле еден прозорец, при што загинал еден патник, кој бил исмукан од авионот низ прозорецот.

Теми Џо Шулц (56), кога експлодирал моторот, била принудена што побргу принудно да го спушти авионот на аеродромот.

Шулц, една од првите жени пилоти во американската морнарица, смирено се јавила кај контролорите на летот за да извести дека ѝ отпаднал дел од авионот и дека на пистата ќе бидат потребни амбулантни возила.

ФОТО: твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...