Тевдовски си го сруши рекордот во маратони на улиците на Чикаго

2342
ФОТО: Фејсбук

Поранешниот министер за финансии, Драган Тевдовски се пофали на Фејсбук дека си го соборил рекордот за најбрзо трчање маратон со новото трчање на улиците на Чикаго.

– Имаше фантастична енергија на улиците на Чикаго. Трчаа 45 илјади маратонци, а 1,7 милиони луѓе даваа поддршка. Немаше ниту еден метар на 42 км патеката без луѓе кои што бодрат. Не случајно ова е еден од 6те најголеми маратони во светот. А, и ние бевме добра екипа и срушивме многу лични рекорди. Јас истрчав за 3 часа и 23 минути (претходно најдобро време на маратон ми беше 3 часа и 40 минути). Благодарам на сите што не бодреа од дома – напиша Тевдовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...