Џенифер Анистон (50), една од најомилените холивудски ѕвезди, која се прослави со улогата на Рејчел во култната серија „Пријатели“, конечно, на воодушевување на фановите, но и на славните личности, ширум светот, отвори профил на Инстаграм.
„Сега сме пријатели и на Инстаграм! Здраво Инстаграм!“, напиша атрактивната Анистон.
Иако сите нејзини колеги од серијата која и денес е многу гледана имаат профили на социјалните мрежи, Џенифер тоа го направила дури сега, но вредело да се чека, со оглед на тоа дека ги разнежнила сите со својата прва објава.
Станува збор за комплетната екипа од легендарната серија „Пријатели“, а на фотографијата се Кортни Кокс, Мет ЛеБланк, Дејвид Швимер, Лиса Кудроу и Метју Пери.
Фотографијата за само неколку часа доби повеќе од 3 милиони „лајкови“, а секоја секунда расте бројката на нејзините следбеници на Инстаграм.
Меѓу првите кои ја заследија на Инстаграм се најде и нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру, кој не го криe воодушевувањето па дури и ѝ стави емотикон срце под објавата.
И многу други славни личности не го криеја воодушевувањето – Рис Витерспун, Никол Кидман, Оливија Вајлд, Кајли Куоко, Марија Шарапова, Кери Вашингтон ѝ напишаа – конечно, добредојде!