Белата куќа бара „итен состанок“ со родителите на загинатиот Хари

955
ФОТО: Метро

Семејството на Хари Дан беше повикано на „итен состанок“ во Белата куќа, пренесува „Метро“.

Родителите на Хари се во САД откако 19-годишникот загина во сообраќајна несреќа во Велика Британија.

Ен Сакулс, која возела наводно на погрешна страна од патот, доби дипломатски имунитет со кој се врати во САД.

Извор близок до семејството кажа дека родителите на Дан, Шарлот Чарлс и Тим Дан, ќе одат за Вашингтон.

Тие пристигнаа во Америка неделава и кажаа дека ќе се обидат да го убедат претседателот Доналд Трамп да ја смени одлуката.

Во објава на страната „Правда за Хари“, семејството напиша:

„Ќе се сретнеме со повеќе медиуми за да ја проширеме кампањата низ цела Америка и се надеваме дека американските власти ќе видат дека е правилно Ен Сакулс да се врати во Велика Британија за да се соочи со нашиот систем за правда“.

ФОТО: Метро

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...