Кривична против кочанчанка, незаконски повлекла банкарска гаранција

681

СВР Штип поднесе кривична пријава против Р.Ј.(24) од Кочани и ДПТУ „Алекс-3“ ДООЕЛ Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавни набавки или јавно приватно партнество“.

На 09.10.2019 првопријавената, како управител на второпријавеното правно лице, спротивно на правилата на постапката за јавна набавка, ја повлекла банкарската гаранција, депонирана од второпријавеното правно лице, во врска со постапка за отуѓување на градежно земјиште во Виница, каде како најповолен купувач било избрано претпријатието.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...