Рама: Макрон мисли за „не“, но сонцето повторно ќе изгрее

Kаков и да е исходот од состанокот на Советот на Европа „сонцето повторно ќе изгрее и денот ќе биде природно продолжение на овој историски напор за европската државност, кон Европа што ја сакаме за нашите деца, не за Берлин, не за Брисел, не за нас, туку за Албанија, Албанците и другите генерации“,вели Рама.

555
Photo: EPA-EFE / FILIP SINGER

Албанскиот премиер Еди Рама денеска преку видео порака на социјалните мрежи зборува за одлуката на земјите од Европската унија, да отворат или не преговори со Албанија.

Со долга брада, можеби сакајќи да го имитира првиот шеф на албанската влада Исмаил Ќемали, Рама вели дека Германија, која ги предводи земјите кои се за „да“, избрала поинаков пат од повеќето земји-членки. Тој предвидува „не“ од страна на францускот претседател Макрон за Албанија.

– Германија постави некои услови што се разумни за нас, но неразумни да се приближи кон Франција и тие две или три земји се уште не зазеле конечна позиција. Претседателот на Франција излезе со став за длабока реформа на Унијата. Емануел Макрон не е подготвен да ги придвижи преговорите за Западен Балкан понатаму, без претходно да изврши притисок за реформите во Унијата. Овој пристап на Франција е концептуално некомпатибилен со консензуалниот пристап што води кон оние кои се за „да“, но тоа не е против Албанија и Северна Македонија или Западен Балкан во целина, вели Рама.

На крајот, тој посочува дека за неколку дена ќе го чуеме завршетокот на ова тешко поглавје од напорите да станеме дел од ЕУ, но каков и да е исходот од состанокот на Советот на Европа „сонцето повторно ќе изгрее и денот ќе биде природно продолжение на овој историски напор за европската државност, кон Европа што ја сакаме за нашите деца, не за Берлин, не за Брисел, не за нас, туку за Албанија, Албанците и другите генерации“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...