Седум намирници кои никако не смеете да ги јадете кога сте настинати

Иако тие се дел од дневната исхрана, некои намирници, сметаат диететичарите, не треба да се консумираат ако имате настинка или грип, пренесува insider.com.

1923

Иако тие се дел од дневната исхрана, некои намирници, сметаат диететичарите, не треба да се консумираат ако имате настинка или грип, пренесува insider.com.

1. Рафиниран шеќер
Диетитичарката Шерон Палмер наведува дека болното тело треба да ги избегнува сите форми на рафиниран шеќер бидејќи може да ги зголеми воспаленијата во телото. Таа предлага свежо овошје и зеленчук за да му ги обезбеди на организмот потребните хранливи материи и да го зајакне имунолошкиот систем.

2. Алкохол
Диетитичарката Брук Алпер тврди дека алкохолот предизвикува дехидрирање, а особено е штетен во случај на настинка. Покрај тоа, алкохолот ќе влијае и на антибиотиците и на крајот ќе влијае на желудникот и црниот дроб.

3. Кофеин
Дехидрирањето го предизвикува и кофеинот, а диететичарката Алперт тврди дека е особено опасен кога се консумира како замена за хидратантни пијалаци. Диететичарката тврди дека сепак уште си дозволува една шолја кафе, кога е настината, но не оди преку тоа.

4. Кисели намирници
Д-р Елизабет Татнер тврди дека треба да избегнувате кисела храна кога имате настинка, а особено ако симптомите ви се гадење и проблеми со желудникот. Имено, киселата храна ќе го иритира грлото ако дојде до повраќање.

5. Солени намирници
Како намирница на која и приоѓаме ако се појават проблеми со желудникот, солените крекери сепак не се најдобриот избор затоа што тие дејствуваат воспалително, тврди диететичарката Лорен Папанос и предлага наместо тоа да консумирате кекси од ориз.

6. Тост
Иако е одлична храна за смирување на желудникот, тост не се препорачува да се јаде ако некои од симптомите се кашлица и воспаление на грлото. Поради својата сувост и цврстина, тостот дополнително ќе го иритира веќе воспаленото грло. Наместо тоа, диететичарката Кристи Брисет сугерира да консумирате помека храна како што се јајца, јогурт, овесна каша и супа.

7. Млечни производи
Избегнувајте млечни производи во услови на настинка или грип, тврди диететичарката Скарлет Фул. Додека обичниот јогурт е пожелен, млекото, сирењето или сладоледот не треба да се консумираат бидејќи тоа ќе доведе до подебела слуз и на крајот ќе го влоши варењето на храната.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...