Скопското обвинителство подигна обвинение против двајца држжавјани на Косово кои сакале да украдат јакна и елек од еден трговски центар во Скопје на 11 октомври.
Станува збор за млади лица, на возраст од 19 и 22 години кои имале договор како да ја изведат кражбата, па пробале од две различни продавници да украдат јанка од 11.290 денари (околу 200 евра) и елек од 6.290 денари (околу 100 евра).
„Кражбите ги извршиле користејќи исти прилики и исти околности. Првообвинетиот, на возраст од 19 години, влегувал во гардеробата на бутиците со намера да ја проба облеката. За тоа време второобвинетиот, на возраст од 22 години, стоел пред гардеробата и чувал стража. Првообвинетиот со употреба на физичка сила ги отстранил бип алармите закачени на облеката и ја облекол на себе под неговата облека. Потоа и двајцата излегувале од продавницата“, пишува во обвинението.
Двајцата веќе се наоѓаат во притвор, а обвинителот побара продолжување на мерката.