Заев: Нема да има предвремени избори ако не добиеме датум

Драмата во ЕУ веројатно ќе биде до последен момент, смета премиерот Зоран Заев на два дена пред конечната одлука на ЕУ.

2214

Верувам до небото дека ќе добиеме датум за преговори, останувам оптимист. Нашата земја уште од самостојноста до денес ништо лесно не добива, ние сме мала земја и сѐ сме остварувале со мака. Зборувам за сите влади досега, не само за оваа, така што драмата во ЕУ веројатно ќе биде до последен момент, изјави премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека Македонија нема проблем со новите методологии што се предлагаат во однос на реформата на проширувањето. Заев ја исклучи можноста за предвремени избори, ако не добиеме датум.

– Редовност на изборите е редовност на општеството. Обезбедувањето предвидливост на стопанството е важна работа, па според мене, на нашата земја ѝ требаат редовни избори. И на крајот на октомври за мене се редовни избори – рече Заев.

Тој утре заминува во Австрија, од каде ќе лета за Брисел и за Луксембург.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...