ДУИ го отпиша Муса

1094

Апсолутен и бескомпромисен приоритет на ДУИ  е неслективната правда, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како и владеењето на правото. Затоа во името на партијата ја поздравувам денешната одлука на заменик министерот за здравство Асим Муса да се повлече од својата позиција, изјави денеска пред Парламентот секретарот на ДУИ, Артан Груби.

Партнерството со медиумите, како што рече, е најдобриот начин да го искорениме ова зло од нашето општество.

Одговарајќи на новинарско прашање дали му верува на заменик министерот за здравство дека е наместен и не е виновен, Груби рече дека тоа прашање веќе е апсолвирано.

– Со самото негово повлекување, и за нас и за институциите веќе е решен тој случај и се надевам дека тој самиот ќе успее да ја тргне таа дамка од својата кариера, со понатамошниот тек на неговите активности – рече Груби.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...