Кејт Мидлтон одзема здив во раскошните изданија посветени на принцезата Дајана ФОТО

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон пристигнаа во Пакистан, на првата кралска турнеја во државата по 13 години. 

843

Британскиот принц Вилијам и неговата сопруга Кејт се во петдневна посета на Пакистан.
Британската кралска двојка пристигна во воената база во равалпинди, каде ги пречека министерот за надворешни работи Мехмуд Куреши.

Нивната турнеја официјално започна вчера, а Кејт не губела време и веќе со првиот стајлинг многумина оставила без здив. Војвотката облекла прекрасен фустан со тиркизна боја со соодветни панталони, исто како што тоа го носеше во 1996 година, во многу слично издание, принцезата Дајана при посетата на Пакистан.

И фустанот и панталоните носат потпис на дизајнерката Катрин Вокер, инаку, една од омилените дизајнерки на убавата војвотка. Овој стајлинг исто така го обележа и враќањето на стилистката на Кејт, Наташа Арчер, кога лани беше на породилно отсуство.

Наредниот ден Кејт, при посетата на училиштетот за незгрижени девојки, облекла курта со кралско сина боја со панталони и шал кои доаѓаат во комплет. Овие креации носат потпис на пакистанската дизајнерка Махен Кан.

Според британскиот амбасадор Томас Дру, парот ќе ги посети и планините на север, како и планините долж границата со Авганистан на запад.

Ова е прва посета на членовите на британското кралско семејство на Пакистан од 2006 година кога принцот Чарлс и сопругата Камила ја посетија земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...