Една жена загина а друга е тешко повредена откако седиштето на кое се возеле во француски забавен парк им се откачило и паднале на земја, пренесува „Дејли мејл“.
Тие биле на повеќе од 10 метри во воздухот кога им се откачило седиштето.
Дваесет и четиригодишната жена на лице место им подлегнала на повредите, а 20-годишничка е пренесена во болница, според зборовите на противпожарната бригада.
Полицијата вели дека четири лица – сопственици и оние кои управувале со рингишпилот – се приведени.
Немилиот настан се случил вчера, а денеска на лице место се експерти за да го проверат добро паркот, кој сега е затворен, за да се утврди причината за несреќата.
Се работи за отворање на еден од најголемите паркови во Франција, кој трае две недели секој октомври и има 250 направи за возење и атракции, но и 100.000 посетители.
Вчерашниот инцидент не е прв во Франција. Лани во март човек почина на слична лулашка. На 31 декември, осум лица поминаа најголем дел од Новата година заглавени во воздух откако направата на која се возеа закочи.
ФОТО: Принтскрин