Актерот и неговата млада колешка „уловени“ биле во романтична прошетка по улиците на Њујорк и очигледно не ги криеле своите нежности од останатите луѓе.
Актерот Лиам Хемсворд (29) и пејачката и актерка Мајли Сајрус (26) се разведоа ненадејно пред два месеци, а потоа таа веднаш тргна по својот пат, а изгледа дека сега и популарниот заводник одлучил да продолжи понатаму.
За Мајли Сајрус се шпеулира дека има ново момче, пејачот Коди Симпсон, а Лиам сега првпат по разводот е „уловен“ со манекенката и актерка Медисон Браун (22).
Тие двајца се шетале по улиците на Њујорк, држејќи се за рака, бакнувајќи се и прегрнувајќи се.
Бидејќи заедно ручале и во еден ресторан, а пооцна се возеле и со мотор, очигледно јасно е дека овој млад пар е во љубовна врска.
Од друга страна, Мајли не престанува да биде во центарот на скандалите бидејќи има ново момче по кратката афера со блогерката Кетлин.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин