Денешното рочиште за случајот „Талир 2“ се одложи бидејќи првообвинетиот Никола Грувски беше без адвокат, па имаше потреба од назначуваање на бранител по службена должност. Овој судски случај се однесува на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
Неговиот досегашен правен затапник, Дончно Наков, и на претходното рочиште зборуваше дека нема полномошно. Тој рече дека полномошното кое тој го има од неговиот клиент се однесува за предмет на СЈО кој се води под друг број во обвинителството, во кој има специјални докази и специјална надлежност, па побара прво да добие согласност од Груевски дали може да го застапува сега кога предметот е префрлен во скопското обвинителство и е заведен под нов број.
Обвинет во овој случај, покрај Никола Груевски, е и Кирил Божиновски. Тие се товарат дека овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, иако истата фирма во исто време имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија. Тоа според обвинитителството, е спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE