Нејмар е во врска со Хрватка, поранешната на Малума ФОТО

Бразилските медиуми пишуваат дека новата девојка на славниот Бразилец е Наталиjа Барулих, која е по потеклo од Хрватска.

717

Можеби не му оди на фудбалскиот терен на кој во неделата пак се повреди, но Бразилецот Нејмар на љубовниот терен нема такви проблеми и таму е во полна форма.

Бразилските медиуми пишуваат дека новата девојка на славниот Бразилец е Наталиjа Барулих, која е по потеклo од Хрватска.

Станува збор за поранешната девојка на колумбискиот пејач Хуан Луис Лондон Ариас, но на сите попознат како Малума. Врската со него траеше од јануари лани, а минатото лето го поминаа и на хрватското крајбрежје.

Медиумите како „О Диа“, „Газета спортива“, „Дон Балон“ и многу други пишуваат дека 27-годишната Наталија е видена на неколку натпревари на Парис Сент-Жермен и дека новопечаната двојка само што не ја објавила веста дека се заедно.

FOTO: Instagram/Printskrin

ФОТО: EPA / IAN LANGSDON

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...