Заменик министерот за здравство даде оставка

1243

Заменик министерот за здравство, Асим Муса, си даде оставка откако екипата на најпознатото албанско истражувачко шоу, Фикс Фаре, на телевизијата Top Channel, објави видео како зема мито за да изврши операција на албански државјанин.

За објавеното видео тој рече дека станува збор за разговор во кој тој го информира „пациентот“ за интервенција за странски граѓанин која кај нас е приватна и му кажува колку би бил можниот износ на истата.

– Секој граѓанин од Албанија кому сум му служел, секој пациент и мој соработник знае дека ова е намерна стапица за да им се наштети на мојата лична и професионална фигура – рече Муса негирајќи какво било земање мито.

Сиот случај тој го посочи како местенка од политичката пропаганда, а објавите од страна на медиумите ги нарече медиумско дивеење.

– Нема да дозволам овие 23 години инвестиции во професионалноста да ми бидат нарушени во оваа намерна стапица, со лажни наслови, кои не се воопшто реални – рече функционерот најавувајќи дека се повлекува затоа што нема да дозволи политичката пропаганда да ја загрози неговата кредибилност.

По искажаните навреди кон медиумите, тој си замина од владиниот прес-центар не дозволувајќи прашања од новинарите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...