Алијансата за Албанците покрај оставката на заменик министерот за здравство Асим Муса бара и правна одговорност. Според Алијансата, оставката на Муса е морален чин, но тие бараат и правна одговорност од заменик министерот.
– Бараме правна одговорност од заменик министерот, но и од владата и од партијата од каде доаѓа Муса. Пред неколку недели комисијата за здравство на Алијансата за Албанците побара оставка од заменик министерот за здравство за проблемите со дијализата во Струга и за лошата состојба во болницата во Кичево. Очекуваме одговорност – велат од Алијансата.
Албанската телевизија Топ ченел објави снимка на која се гледа заменик министерот Асим Муса како добива 50 евра, за операција на пациент од Албанија.
По ова, Муса поднесе оставка и ги обвини медиумите за местенка.