Рот: Позицијата на Берлин кристално јасна – преговорите со Скопје и Тирана треба да почнат

173

Германската позиција e кристално јасна. Ние го поддржуваме почетокот на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија, изјави денеска државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот.

– Оваа наша позиција е врз основа на гласањето на германскиот Бундестаг. Европската унија презеде обврски за мир, стабилност, демократија и помирување на Западен Балкан, а тоа значи дека мора да си ги исполнува своите ветувања – истакна Рот пред денешниот состанок на Советот на министри на ЕУ во Луксембург на кој ќе се расправа за старт на пристапните преговори со Скопје и Тирана

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...