„Сестрите на џихадот“ добија големи затворски казни за неуспешниот напад врз Нотр Дам

Јавното обвинителство, во завршниот збор од процесот, во четвртокот побара исти казни за двете предводнички на групата, кои понекогаш од медиумите беа нарекувани „сестри на џихадот“. Мадани и Гилигман во текот на судењето го отфрлија обвинението за планирање на нападот.

147

Парискиот суд им изрече казни од 25 до 30 години затвор на учесничките во неуспешниот напад во 2016 година врз катедралата Нотр Дам во Париз, јавува дописникот на МИА.

На овие радикализирани млади жени им се судеше од 23 септември во Париз, поради, како што с енаведува во обвинението, обид во 2016 година да предизвикаат експлозија со автомобил наполнет со бомбони за гас во близина на Нотр Дам, во Париз. Тие во меѓувреме станале „лице на женскиот џихад“.

По тринеделна дебата, специјалниот суд од Париз ја донесе својата пресуда за петте жени обвинети дека учествувале во плановите за напад и неуспешниот атентат.

Инес Мадани и Орнела Гилигман, кои на 4 септември 2016 година се обидоа да ја предизвикаат експлозијата со автомобилот, на улица во близина на Нотр Дам, осудени се на 30 и 25 години затвор.

Јавното обвинителство, во завршниот збор од процесот, во четвртокот побара исти казни за двете предводнички на групата, кои понекогаш од медиумите беа нарекувани „сестри на џихадот“. Мадани и Гилигман во текот на судењето го отфрлија обвинението за планирање на нападот.

И трите други обвинети: Сара Хервует, Амел Сакау и Самја Шалел, добија високи казни. Хервует и Сакау се осудени на 20 години затвор, додека Шалел доби пет години затвор, условно за една година.

За потсетување, обвинителството побара 20 години затвор против Сара Хервут и Амел Сакау, кои одбија да присуствуваат на нивното судење и 10 години против Самја Шалел, обвинета дека и помогнала на Инес Мадани да најде база за криење, откако нападот не успеа.

Овие пет радикализирани жени ги следеле упатствата на Рахид Касим, пропагандист на Исламската држава и инспиратор на убиството од пред неколку недели на полицаецот и неговата сопруга во Магнанвил (Ивелин).

Тие биле „вооружената рака“ на Даеш (ИД) во Франција, нагласи еден од претставниците на обвинителството за време на судењето, потсетувајќи дека обвинетите поставиле видеа со кои го најавуваа идниот напад.

-Тие беа водени од желба да убијат, потенцираше Обвинителството во завршниот збор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...