Лавров: Асанж веројатно е мачен во лондонскиот затвор

151
ФОТО: EPA / STRINGER

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека верува во можноста основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да бил мачен во лондонскиот затвор.

Тој ова го изјави за руската телевизија Русија 24.

– Тие исто така треба да ги отфрлат обвиненијата против (поранешниот разузнавач) Едвард Сноуден, да го ослободат Џулијан Асанж и да престанат да го мачат, што, според неговиот изглед, му се случува во притворот во Велика Британија – рече Лавров.

Асанж беше уапсен во април годинава во еквадорската амбасада во Лондон, откако по седум години му беше укинат азилот.

ФОТО: EPA / STRINGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...