Во судир меѓу демонстрантите и полицијата на аеродромот во Барселона синоќа се повредени 37 лица, соопштија шпанските здравствени власти.
Британските медиуми пренесуваат дека полицијата на влезот на аеродромот влетала меѓу демонстрантите кои протестираа заради пресудата на шпанскиот Врховен суд против организаторите на референдумот за незваисност на Каталонија.
На снимки се гледа како полицајците со пендреци ги тепаат демонстрантите, од кои некои носат маски и качулки. На тоа демонстрантите возвратија со туркање, а во меѓувреме се слушнаа и детонации.
Регионалната полиција соопшти дека се упасени двајца демонстранти.
На аеродромот Плат во Барселона вчера беа откажани 67 предвидени летови, јави Хина.
Протестите избија заради одлуката на Врховниот суд во Мадрид на девет каталонски лидери да им изрече казни од девет до 13 години затвор заради „бунт и користење јавни пари за организација на референдумот за независност во 2017 година, што беше забранет од Уставниот суд, и заради едностраното прогласување на незавосност на Каталонија“.
ФОТО: EPA / ENRIC FONTCUBERTA