Полската владеачка партија Право и Правда (ПиС) освои 43,8 отсто од гласовите на неделните парламентарни избори. Националната конзервативна формација со тоа ја победи Либералната граѓанска коалиција, што ја поддржаа 27,2 отсто од избирачите. Резултатите покажуваат дека ПиС ќе може самостојно да владее и во наредните четири години. Меѓутоа, партијата го изгуби мнозинството во Горниот дом на парламентот, Сенатот.
Демократската левичарска унија се враќа во Сејмот, долниот дом на парламентот. Таа доби 12,5 отсто од гласовите. Во Сејмот ќе се најдат и членовите на Селанската полска народна партија со антисемитското движење Кукиз ‘15 со поддршка од 8,6 отсто од гласовите.
Се очекува ПиС да освои 239 од 460 места во Сејмот, Граѓанската коалиција 131, Левицата 46, ПСЛ и Кукиз 30, Конфедерацијата 13, а германското малцинство да добие едно место.
Како што е познато, за време на владеењето на ПиС се Полска ги влоши односите со Германија, по што Варшава бараше надоместок на штетата што нацистите ја направиле во текот на Втората светска војна. Сегашната влада има добри односи со американскиот претседател Доналд Трамп, кој пред некој ден ги укина визите за Полјаците во САД. Соединетите држави, исто така, ќе го зајакнат своето воено присуство во најголемата централноевропска земја. Последните години полската влада беше поврзана со Чешка, особено во отпорот за прием на мигранти ос муслиманските земји или заострувањето на оибврските во борбата против климатските промени.