Од болницата „8. септември“ ни соопштија дека Боки 13 веќе е вратен во затворот во Шутка, со препорака да прима терапија во затворската амбуланта, јави Канал 5 телевизија.
Одбраната на Боки 13 бара укинување на притворот ,кој изминатиов период неколку пати беше пренесуван во болница, последно тоа се случи кога даваше исказ во Обвинителството, каде почна да повраќа и да се жали на болки во стомакот.
На јавната седница во Апелација Јовановски зборуваше за неговото здравје посочувајчи дека имал две неуспешни операции на желудникот.