Дескоска во Стразбур: Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со ЕУ

379

Се надевам дека нема да ја загубиме шансата да добиеме преговори со Европската Унија. Таа одлука ќе го забрза темпото на реформите во правосудството, истакна министерката за правда Рената Дескоска во обраќањето во Советот на Европа во Стразбур, во пресрет на одлуката за отпочнување на преговори со Република Северна Македонија.

Дескоска, како што соопшти Министерството за правда, се обрати на денешната конференција за министри за правда во Советот на Европа која се одржува во организација на француското претседателство. Темата на конференцијата за министрите за правда е „Дигиталните предизвици за правдата во Европа“, а Дескоска се обрати на првата сесија на која се дискутираше за „Пристап до законот и правдата во дигиталната ера“.

– Воведен е Автоматизиран систем за за управување со предмети во судовите (АКМИС), кој се надевам дека во блиска иднина постепено ќе се воведе и во Јавното обвинителство. Дигитализацијата може и да ја зголеми ефикасноста на судството преку овозможување на електронска достава на поднесоци до судовите, електронска комуникација со адвокатите и странките во судовите,  потенцираше Дескоска.

Министерката за правда истакна и дека во судовите постепено се имплементира опрема за аудио снимање на судските рочишта, како и систем за аудио-видео снимање на сослушувањата во јавното обвинителство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...